Македонија
19. December 2020 - 9:07

Филипче: Очекувам одговорно празнување од младите, здравјето има предност

Очекувам одговорно празнување од страна на младите за време на празниците. Сакам да им порачам дека забавата ќе ја надоместат, животот е пред нив. Но, здравјето оваа година мора да има предност, напиша синоќа министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил.

– Мислете на вашите родители, баби и дедовци, но и на своето здравје.Вирусот е непредвидлив. Затоа #ПразнувајОдговорно, стои во фејсбук статусот на министерот Филипче. 

Очекувам одговорно празнување од страна на младите за време на празниците. Сакам да им порачам дека забавата ќе ја...

Posted by Венко Филипче on Friday, December 18, 2020