Филипче: Од понеделник најверојатно нема да има никакви рестрикции во движењето
Од понеделник најверојатно нема да има никакви рестрикции во движењето, најави министерот за здравство, Венко Филипче, но предупреди дека ова треба да биде земено со резерва бидејќи конечната одлука ќе се носи најверојатно во недела или понеделник наутро.
Големиот број на нови случаи, според Филипче, ја потврдила исправноста за воведување полициски час во Скопје и неколку други градови низ Македонија. Смета дека оваа одлука е издржана и апелира мерките да се почитуваат, а институциите да казнуваат.
Тој вели дека е свесен дека голем број на граѓани заминале во туристичките места за продолжениот викенд и само апелираше луѓето да ги почитуваат мерките каде и да се.
Уште еднаш повтори дека најголемиот број на заразени се асимптоматски и како за илустрација кажа пример дека ако во едно смејство се тестирани десет членови, само еден од нив имал симптоми.
Ново на Сител
-
Мицкоски го почна премиерскиот мандат
-
Герапетритис: Уставното име е за севкупна употреба
-
Се санираат штетите од невремето во Тетово
-
Скопје ги сумира штетите од невремето
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Владимир Божиновски
-
Комуналните претпријатија на обука за имплементација на Скада системот
-
Анализа: Дали Руската православна црква е инструмент за спроведување на политиките на Путин?