Филипче: Оваа година докажавме дека јавното здравство може да се бори со светска пандемија
Во првите 100 дена од мандатот на новата Влада, целосно сме насочени кон поуспешно справување од здравствената криза предизвикана од Ковид-19. Направивме реорганизација на здравствениот систем, каква што не се случила во историјата за одговор на пандемијата и успешно го амортизиравме силниот есенски бран. Ги активиравме и направивме ротација на сите здравствени работници, план кој беше подготвен уште во летото. Ги ставивме сите ресурси во заштитата на здравјето на граѓаните, објави на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.
Тој посочува дека донеле одлука да ги наградиме сите здравствени работници кои се вклучени во третманот на пациентите заболени од коронавирусот, го зголемиле и бројот на тестирања од Ковид-19 и го подигнале на речиси 3000 дневно.
– Покрај тоа, отворивме уште едно приемно одделение во Институтот за јавно здравје и ја забрзавме процедурата за земање на тестови. Набавивме брзи тестови за здравствените установи.
Ги пуштивме во употреба амбулантите на Клиниката за пулмологија и алергологија и клиниките ги пренаменивме во ковид – центри, со цел секој пациент кој има потреба од хоспитализација истиот да ја добие потребната здравствена заштита. Забрзано работиме и на проектот за поставување модуларни болници со 16 општини во државата. Се бориме со вирусот и заштита на што е можно повеќе човечки животи. Обезбедивме 833 000 вакцини за Ковид-19 преку КОВАКС системот и работиме на тековната подготовка за нови набавки, нагласува Филипче.
Покрај справувањето со овој вирус, потенцира министерот, реализиравме и неколку капитални инвестиции: целосно го реновиравме Центарот за дијабетес при Клиниката за ендокринологија;
После 30 години надвор од употреба, го пуштивме во работа целосно реновираниот интерен оддел за женски болести во болницата во Кавадарци, новиот крак од струмичката болница се пренамени како Ковид – центар, целосно е реновиран третиот кат во старата градска болница, а Општата болница во Гостивар го реновираше хируршкото одделение со што ги зголеми болничките капацитети.
– Оваа година, докажавме дека јавното здравство може да се бори со светска пандемија. Покажавме дека со вистинска грижа, труд, организираност и мотивираност можеме да издржиме на долг рок. Се заблагодарувам за дадената доверба. Во периодот којшто е пред нас заеднички продолжуваме во унапредувањето на јавното здравство, истакнува Филипче на својот фејсбук профил.
Ново на Сител
-
Таравари: Подготвен е протокол според кој идната недела ќе бидат пречекани првите пет пациенти кои се лекуваат во странство
-
Молебен за Кочани во црквата св.Архангел Михаил во Неиве Италија
-
Папата Франциск отпуштен од болница и се појави во јавноста прв пат по пет недели
-
Трамп: Никој не може да го спречи Путин освен мене
-
Вонредни инспекциски контроли во сите објекти од јавен карактер низ државата
-
Митева: Контролите ќе бидат етапни и долгорочни, надлежните институции континуирано ќе работат
-
Настов: На шест пациенти им е направена трансплантација на кожа поради степенот на изгореници
-
Ограбен апартманот на пензионер кој живеел во старски дом