Филипче: Патниците на „Визер“ од Милано и Венеција ќе пополнуваат формулар при влез во земјава
Патниците со авионите на „Визер“од Милано и од Венеција на скопскиот и на охридскиот аеродром ќе треба да пополнат здравствен лопкатор – карта што е уште еден чекор во превенирањето и регистрирањето на евентуално заболени од коронавирусот кои доаѓаат во државава.
– Согласно тоа што има сè повеќе заболени во Европа и согласно поригорозните мерки што италијанските власти ги најавија за северниот регион, се одлучивме за уште еден чекор за подигање на контролата на повисоко ниво што значи на патниците со авионите од „Визер“од Милано и од Венеција на скопскиот и на охридскиот аеродром ќе треба да пополнат здравствен лопкатор – карта на што се согласи авиопревозникот, што ќе овозможи добра контрола и следливост на патниците, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.
Патниците, како што појасни министерот, ќе остават податоци на која адреса престојуваат и доколку после одреден број денови се јави некој патник со симптоми ќе биде лесно да се најдат сопатниците кои што седеле неколку редови пред и зад тој патник во авионот.
Министерот Филипче посочи дека препораката за неодржување масовни јавни собири важи до 6 март.
Тој информира дека во изминатото деноноќие нема нови пациенти кои се тестирани за коронавирусот. Потсети дека вчера на Клиниката за инфективни болести се јавиле тројца пациенти, двајца патници од Италија и еден од Шпанија, кој престојувал во тамошни болнички установи заради друга здравствена причина.
-Кај сите тројца пациенти имаше индикација за тестирање согласно симптомите и тестовите беа негативни. Единствената пациентка која што е хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести е добра и нејзината здравствена состојба се повеќе се подобрува, рече Филипче.
Ново на Сител
-
Тошковски: 15 службеници издавале дозволи за оружје незаконито, опозицијата го обвинува дека отпушта професионалци
-
Кумашини на Ѓорчевски први ги поврзале исчезнувањата на Вања и Панче
-
Директорот на Детска обвини поединци со лажни ФБ профили за хајка против него и клиниката
-
Втор ден комисиска расправа за буџетот - За власта развоен, за опозицијата погубен
-
Заврши рокот за докомплетирање на документации: Локална самоуправа ќе открие која Општина за што добила пари
-
Претходното раководство на Пошта од централниот објект сакало да направи кабаре
-
Протести во Ореовец
-
Почнаа дебатите за реформи на Судскиот совет, конечно решение се очекува до крајот на декември