Македонија
16. May 2021 - 12:29

Филипче: Сите граѓани над 40 години од Скопје кои се пријавија до крајот на април добија термини за вакцинација

Министерот за здравство, Венко Филипче вели дека сите скопјани на возраст од над 40 години, кои до крајот на април се пријавиле за вакцинација ги добиле своите термини.

Во текот на следните три дена и од останатите градови во земјава, термини за вакцинирање ќе добијат граѓаните над 40 годишна возраст кои до крајот на април изразиле желба за вакцинирање на www.vakcinacija.mk. Од вчера почна вакцинацијата и на пациентите кои се на дијализа, како и пациентите со трансплантација. Имунизацијата во државата се одвива со засилено темпо, најлесен начин да се вакцинирате е со пријавување на www.vakcinacija.mk., вели Филипче.