Филипче: Сликите од Србија не се срам, туку одраз на солидарност во услови на криза
Министерот за здравство Венко Филиче реагираше на изјавата на претседателот на државата Стево Пендаровски дека „она што викендот го гледавме во Србија, каде се вакцинираа нашти граѓани е срам за државата и не смее да се повтори“.
– Изненаден сум од изјавата на претседателот Пендаровски. Сликите од Србија не се срам, тоа е одраз на солидарност во услови на криза. Покрај нашите граѓани се вакцинирана и граѓани на соседните земји, но ниеден претседател не рече дека е тоа срам за неговата земја, вели Филипче во писмената реакција.
Тој посочува дека Владата прави максимални напори да обезбеди вакцини, а вакцинацијата започнува веќе од утре.
– Претседателот на државата како институција исто така би требало да игра значајна улога во сите овие процеси на набавки. За жал, конкретна поддршка од Пендаровски изостана, вели Филипче.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владимир Божиновски, политички аналитичар
-
Клиниките ќе се спојуваат во 2026, Таравари ќе враќа лекари од приватното во државното здравство
-
Бела ноќ со француската атракција групата „Кидам“ со уличниот спектакл „Сонот на Еребер“
-
Најмалку 20 загинати во поплавите во БиХ
-
Можен распад на Европскиот фронт на ДУИ поради Мендух Тачи
-
Затворена седница за ЕУ
-
Владата најавува нова модерна опрема за Армијата
-
Зградата во Чаир се уште небезбедна – Обвинителството чека услови за да почне истрага