-->
-->
Филипче: Состојбата е стабилна, се надевам дека и натаму мерките ќе даваат резултат
-->
Министерот за здравство Венко Филипче по денешната средба со директорите на клиниките и ковид центрите, на Фејсбук напиша дека очекува ситуацијата во наредниот период да продолжува да се стабилизира и да се олесни работата на здравствените работници.
„На редовниот состанок со директорите на клиниките и ковид центрите направивме евалуација на состојбата во однос на хоспитализациите за време на викендот се до денес. Состојбата е стабилна и постепено се намалува бројот на прием на пациенти. Се надеваме дека и натаму мерките ќе даваат резултат со оглед на тоа што и бројот на новодијагностицирани се намалува, во очекување сме ситуацијата да продолжи да се стабилизира“, напиша Филипче.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови
-
Дефицит на лекари специјалисти, хроничен проблем на македонското здравство
-
Во земјава нема национален регистар на лица со аутизам