Филипче тврди во 2026 не’ чека криза, Мицкоски вели граѓаните да се спокојни
Од кризна година во која граѓаните ќе тонат во сиромаштија, а аевроинтерацијата ќе заглави до тоа дека неосновано се шири паника и страв, па наредната година буџетот не смао што ќе е ликвиден, туку и ќе ги надмине приходите. Филипче и Мицкоски со различни прогнози за 2026 година.
Лидерот на опозициската СДСМ проценува дека државата наредната година ќе мора да се задолжи над 2 милјарди евра за да ги сервисира потребите на граѓаните, а инфлацијата ќе расте.
Лидерот на СДСМ вели дека има стагнација во евроинтеграциите и нема прогрес во ниту една област. За лошата состојба ја обвини власта која ја прогласи за антидржавен елемент. Обвини и дека Мицкоски ги финансирал превирањата на СДСМ што сега ги правеле поранешни партиски функционери. Сепак, вели Филипче, тоа нема да ја спречи партијата да продолжи да објавува документи и сознанија за можни коруптивни дела на власта.
Филипче призна дека измените на Кривичниот законик од 2023 година на неговата СДСМ биле катастрофални лоши, но сомнеж изрази и за измените на власта. Вели нема контакт со поранешни функцинери на СДСМ кои се обивнети за корупција и во бегство, а негираше и дека градел зграда во Дубаи заедно со поранешниот лидер и негов пријател Заев.
Премиерот Мицкоски пак, тврди криза наредната година ќе нема, ликвидноста на државата е добра, иако потврди дека во 2026 година ќе има поголемо задолжување, но најмногу за да се вратат лошите долгови од времето на СДСМ и ДУИ.
Лидерот на владејчката ВМРО-ДПМНЕ воопшто не сакаше да го искпментира Филипче во делот на тоа дека неговата партија има проект за растурање на СДСМ или пак, дека е антидржавен елемент.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
