Филипинците ја поддржуваат војната на Дутерте против дрогата
Анкети на јавното мислење на Филипините покажаа дека граѓаните таму се повеќе од задоволни со крвавата војна против дрогата што ја започна претседателот Родриго Дутерте, што дава дополнителен стимул на Владата критикувана од меѓународната заедница.
Резултатите од анкетата беа објавени два дена откако претседателот им нареди на државните компании и институции повеќе да не примаат помош или заеми од 18 земји на УНХЦР, вклучително и Шпанија, Велика Британија и Австралија, бидејќи тие ја поддржаа резолуцијата за истрага на полицијата и однесувањето на Дутерте.
Полицијата соопшти дека досега се убиени 6.700 дилери на дрога, што се спротивставувале на апсење и негираат вмешаност во нерешени убиства на илјадници други наркомани. Полицијата, исто така, ги отфрла другите обвиненија од страна на организации за човекови права за тоа дека извршуваат убиства за свои цели, дека фалсификуваат извештаи и местат докази на места на злосторствата.
Ново на Сител
-
Опожарени три автомобили во Расадник во скопска Кисела Вода
-
Околу 500 000 метри кубни дрва годишно завршуваат на црниот пазар
-
Без нов закон за средно образование нема целосна инклузија на лицата со попреченост
-
На Охрид му треба елитен или масовен туризам
-
Мариовско- Мегленски средби
-
Преглед на вестите од светот
-
Tема на денот со историчарката Наташа Котлар
-
Со ново одделение ЈО ќе се бори против корупцијата