-->
-->
Филипини: Најмалку 12 убиени во судир меѓу владините сили и комунистите
-->
Во судири меѓу филипинските сили и комунистичките бунтовници во источниот дел на Манила, убиени се 10 герилци и двајца војници, додека уште двајца војници се повредени, соопштено е денеска во Манила.
Како што се наведува во соопштението, до судирот дошло само еден ден пред продолжување на мировните разговори за завршување на бунтот, пренесоа американските медиуми.
Во Манила до судир дошло во текот на протестот на околу 100 членови и приврзаници на Комунистичката партија на Филипини, кои марширале пред претседателската палата, а повеќето од нив преку лицата имале ставено црвени маици и црвени марами.
Демонстрантите носеле транспаренти со срп и чекан, симболите на КП и од граѓаните барале да и се „придружат на револуцијата“, извикувајќи „Да живее новата народна армија“.
Комунистичката партија на Филипини за САД е терористичка организација и таа претставува главната закана за земјата, наведуваат американските медиуми.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска