Свет
4. August 2017 - 21:29

Филипинскиот претседател одобри бесплатно студирање

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте потпиша закон со кој се овозможува бесплатно студирање на сите државни универзитети, иако неговите економски советници го предупредија дека таквиот потег би можел да ја чини државата околу две милијарди долари годишно.

Дутерте верува дека долгорочната добивка од таа мерка ќе ги надмине краткорочните буџетски предизвици.

- Слободното високо образование на државните универзитети и колеџи е многу силен столб или камен темелник на претседателската политика за општествен развој, истакна заменик извршниот секретар во претседателскиот кабинет, Менардо Гевара.

Филипини имаат 114 државни универзитети и колеџи, а економските советници го предупредиле Дутерте дека корист од оваа мерка ќе имаат главно ситуираните студенти.