Филипинскиот претседател се закани со апсење на невакцинирани против Ковид-19
– Филипинскиот претседател Родриго Дутерте се закани дека невакцинираните луѓе ќе бидат приведени доколку не ја послушаат наредбата да останат дома, откако во државата е потврден најголем број новозаразени во измминатите три месеци.
Во телевизиското обраќање до нацијата, Дутерте рече дека ќе побара од водачите на заедницата да бараат невакцинирани луѓе и да се погрижат да не ги напуштаат своите домови.
– Ако ја напушти куќата и се движи низ заедницата, дозволено е да биде запрен. Ако се спротиставува, капетанот сега е овластен да апси непослушни лица, рече Дутерте.
Дневните инфекции со коронавирус на Филипините се највисоки од 26 септември со 17.220 нови случаи вчера, соопшти Министерството за здравство, вклучително и оние предизвикани од сојот омикрон. Новите случаи се трипати повеќе од вторникот, и вкупниот број на инфекции е над 2,88 милиони и има повеќе од 51.700 смртни случаи, втор најголем број заразени и починати со Ковид-19 во Југоисточна Азија по Индонезија.
-Јас сум одговорен за безбедноста и благосостојбата на секој Филипинец, наглчаси Дутерте.
Ново на Сител
-

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради 5. издание на трката „Водно 10К"
-

Јемен по втор пат го нападна Израел со ракети
-

Иран се закани дека ќе ги нападне израелските и американските универзитети
-

Во Србија се одржуваат избори во 10 локални самоуправи
-

Облачно со врнежи во источните делови
-

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки
-

За 24 часа уапсени две лица за семејно насилство и вкупно четири пријави
-

Утре во Скопје посебен режим на сообраќај поради атлетска трка
