Филков: Коцевски направи сериозни грешки како јавен обвинител
Разрешувањето на државниот јавен обвинител е логичен чекор за зачувуање на интегритетот на правосудниот систем порача министерот за правда. Филков во интервју за мкд.мк истакна дека одговорноста на државниот обвинител е клучна за правилно функционирање на правосудниот систем. Обвинителот направил сериозни грешки во вршењето на својата функција со што сериозно го нарушил интегритетот и функционалноста на обвинителството.
„Коцевски, како јавен обвинител, направи сериозни грешки во вршењето на својата функција, а едната од најголемите е неговото однесување при поставувањето на в.д. виш обвинител, без да се придржува кон утврдените процедури. Ова не само што е правен пропуст, туку и удар врз принципите на транспарентност и правична распределба на должностите.
Филков вели Владата и Министерството за правда нема да се водат исклучиво од мислењето на Советот на јавни обвинители, туку ќе ги преземат сите законски мерки, вклучително и можноста за постапка пред Собранието.
„Ако Советот на јавни обвинители даде негативно мислење за предлогот за разрешување на обвинителот Коцевски, тоа нема да значи дека постапката е завршена. Министерството за правда и Владата имаат обврска да ги преземат сите законски мерки и да го почитуваат процесот предвиден во Законот за јавното обвинителство, вклучително и можноста за покренување на постапка пред Собранието на Северна Македонија.“
Од ВМРО ДПМНЕ и денеска побараа одговорност од Коцевски.
Пратеникот Антонио Милошовски во објава на фб пишува за вмешаност на државниот обвинител Љупчо Коцевски во случаите за корупција на Наќе Георгиев екс судија во Врховен и Иџет Мемети член и потпретседател на Советот на јавни обвинители. Според Милошоски спогодбата за како што вели спас од криминалот е скандалозна од неколку причини и аргумент плус за негово разрешување.
Георгиев беше судија во Врховниот суд, Мемети член и потпретседател на Советот на јавни обвинители. Дејствувале како тандем и наместо да раздаваат правда, тие продавале правда за пари. Продавале минимална затворска казна во замена за договорени 35.000€, за кривично дело недозволено производство и трговија на дрога. Парите од синот на клиентот ги земале во кеш, се вели меѓу другото во објавата на Милошовски.
На ова реагираа од Јавното обвинителство.
Во однос на наводите на пратеникот Милошоски денеска, ниту во наведениот, ниту во кој било друг предмет јавниот обвинител на Република Северна Македонија не бил во ситуација на судир на интерес.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар