Филмот „Кружно патување на Марето“ награден на фестивал во Нингбо

Филмовите „Кружно патување на Марето“ на Жарко Иванов од Македонија и „Недопрени од Сонцето“ на Андро Мартиновиќ од Црна Гора се наградени на Фестивалот на кинематографиите на Централна и Источна Европа во Нингбо.
Интернационално жири составено од водечки личности од кинеската кинематографија и професори од неколку европски универзитети додели награди на осум филмови во разни категории и жанрови.
По успешните изданија во Париз и Берлин, фестивалот на кинематографиите на Централна и Источна Европа во Нингбо 2016 првпат се одржува во Кина, во организација на Универзитетот за аудиовизуелни уметности – Скопје и Музејот на уметностите на Нингбо. Објавени беа поголем број на информации во водечките кинески медиуми, а 50-тина филмови од 16 држави од регионот беа прикажани повеќе пати, во неколку кино сали во Нингбо.
Овој фестивал ќе биде традиционален и ќе се одржува секоја година во јуни, за време на самитот China-CEEC EXPO, што го организира кинеската влада со зејмите од Централна и Источна Европа.
Ново на Сител
-

Даниела Димовска ќе раководи со Кривичен суд Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Уставен одлучува за платеното рекламирање по иницијатицата на Левица
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Левица и ДУИ прво нека се договорат меѓу себе што сакаат од Изборниот законик
-

Сиљановска на Самитот на НАТО: Обединета Европа значи посилна Европа
-

Локалитетот „Баргала“ можеби „крие“ постара историја
-

Преглед на вестите од светот
-

Владата почна постапка за доделување концесии за испитувања за металични минерали
