Македонија
13. October 2016 - 10:45

Филмот „Ослободување на Скопје“ ќе се прикажува на официјалната програма на фестивалот во Братислава

Македонскиот филм „Ослободување на Скопје“ во средината на ноември ќе се прикажува на официјалната програма на фестивалот во Братислава.

На фестивалот на Раде Шербеџија, кој  е режисер на филмот, ќе му биде доделена Наградата за извонредни достигнувања во светската кинематографија.

Филмот е македонски кандидат за Оскар и се прикажува во киното „Милениум“.