Филмот „Види ја ти неа“ на Сиднеј и Палм Спрингс

Краткометражниот игран филм „Види ја ти неа“ во режија на Горан Столевски ќе биде прикажан на Интернационалниот филмски фестивал Палм Спрингс во САД и Филмскиот фестивал во Сиднеј, Австралија.
Палм Спрингс е најголемиот настан за кратки филмови во Северна Америка и добива околу 4.200 апликации од над 100 земји низ целиот свет. На овогодинешното издание во 90-минутни тематски програми ќе се прикажат околу 325 кратки филмови. Досега на фестивалот се прикажани повеќе од 100 кратки филмови кои добиле номинација или освоиле Оскар.
Филмот „Види ја ти неа“ досега освои Мала камера 300 на Интернационалниот фестивал на филмската камера “Браќа Манаки“, во Македонија, награда за најдобар краток филм на Филмски Фестивал Санденс, Гранд при награда на Мартовски фестивал-Белградски фестивал на документарен и краток филм и награда Уранија на LET’S CEE филмски фестивал, во Виена.
„Види ја ти неа“ е приказна за младата девојка Анета, која се обидува да ги реши проблемите во семејството и училиштето вклучувајќи се во еден исклучиво машки верски ритуал, скокање по крстот за Водици.
Улогите во филмот ги толкуваат Сара Климоска, Игор Ангелов, Пируника Киселички, Антонија Белазелкоска, Милица Стојанова, Жарко Јовановиќ, Иво Антов, Виктор Арсов, Симон Манасковски, Изабела Новотни и Горан Илиќ.
Сценариото за филмот е на Горан Столевски, кинематографер е Наум Доксевски, сценограф Влатко Чачоровски, костимограф Жаклина Крстевска, тонец Братислав Зафировски, а шминката е на Наталија Кајевска. Продуценти на филмот се Димитар Минов, Кристијан Буровски и Томи Салковски.
Филмот е во продукција на Црна Мачка Продукција, во копродукција со Скопје Филм Студио, и финансиски подржан од Агенцијата за филм на РМ.
Ново на Сител
-

Савески: Одлуката за жалба за „Талир 2“ ќе биде донесена по анализа на пресудата, а Ленче Ристоска ќе постапуваше доколку не поднесеше оставка
-

Зголемен бројот на ученици и студенти сместени во домови и интернати
-

Жителка на неготинско Долни Дисан измамена за 49.087 денари
-

Мицкоски: Ги исполнуваме обврските од европската агенда, реформите продолжуваат и покрај блокадите на Изборниот законик
-

Кај кавадарчанец пронајдени и одземени 262 куршуми, 51 ловни патрони
-

За шест месеци на ГП „Блато“ кај Дебар минале над 778 илјади патници, што е историски рекордна фреквенција
-

Водата во Гостивар забранета за пиење
-

1.200 пациенти со повраќање, дијареја и температура побарале медицинска помош во Гостивар
