Филмот „Златната петорка“ го отвори фестивалот на Југоисточна Европа во Париз

Македонскиот игран филм „Златната петорка“ во присуство на режисерот Горан Тренчовски го отвори седмото издание на фестивалот на кинематографиите на Југоисточна Европа (SEE a Paris 2017) во културниот центар L’Entrepot во Париз.
Пред поголем број видни личности од француската и европската културна сцена, филмот беше награден со долготраен аплауз.
На свеченото отворање се обрати основачот и претседателот на фестивалот Јордан Плевнеш, кој даде акцент на годишната богатата филмска програма во трите европски престолнини, Берлин, Брисел и Париз.
Во периодот од 31 мај до 3 јуни ќе бидат прикажани преку 40 играни, кратки и документарни филмови на три локации во Париз: културниот центар L’Entrepot, Универзитетот INALCO, каде ќе се одржи и интернационалниот симпозиум на тема „Европеизација на Балканот или балканизација на Европа“ и во „Le Palace“ каде ќе биде и свеченоста на доделувањето на наградите
Ново на Сител
-

Неопходни се рабони места кои ќе понудат баланс меѓу приватниот и професионален живот
-

Донирај текстови, документи и гласовни снимки за потребите на „Везилка“
-

23 септември - ден на знаковниот јазик
-

Преглед на вестите од светот
-

Со изведување докази продолжува судењето за злоупотребите во Државна лотарија
-

Откриена нелегална плантажа со 680 килограми марихуана, приведени две лица
-

Националната стратегија за борба со корупцијата пред пратениците
-

Следната недела средба за правосудниот испит
