Филмска потера во Велес: Пукање со калашников во центарот на градот

Маж вооружен со автоматска пушка вечерва околу 19:20 часот се обидел да ограби менувачница во Велес, дознаваме од полициски извори. Според нашите информации, 36 годишниот маж маскиран влегол со оружјето во менувачница во центарот на Велес и побарал од вработениот да му ги даде парите.
Работениот не се согласил со тоа и избила тепачка. Во тој момент ограбувачот испукал 2 куршуми кои завршиле во таванот во менувачницата но за среќа не повредил никого.
Тепачката продолжила и надвор од менувачницата каде напаѓачот стрелал уште 2 пати но за среќа, повторно не погодил никого иако менувачницата била на прометно место каде што имало многу минувачи и деца кои си играле во околините игротеки. Еден од куршумите завршил во гумата на еден автомобил паркиран во близина.
Тогаш вработениот во менувачницата успеал да му ја земе рамката од автоматската пушка на напаѓачот кој се дал во бегство. На местото се нашол еден пензиониран полицаец кој успеал да го фати ограбувачот и заедно со вработениот да го совладаат и да го предадат на полицијата.
Ново на Сител
-

Брза интервенција на велешките пожарникари спречи проширување на пожар во семејна куќа
-

Активни 11 пожари и три под контрола
-

Претреси на повеќе локации во Тетово и Гостивар, пронајдени дрога, оружје и муниција
-

Кавадарчанец во полиција пријавил измама од 3.200 евра
-

Претреси на повеќе локации на подрачјето на СВР Битола, пронајдени дрога, оружје и муниција, приведени пет лица
-

„Безбеден град“ досега евидентирал 310.865 прекршоци, од кои 180.378 за возила со странски регистарски ознаки
-

Од утре пониски температури, локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Пет тинејџери загинаа во сообраќајка во Ирска додека се снимале како возат во спротивна насока на автопат
