Финансиска полиција со кривична пријава против претседател на УО и три службени лица

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Кичево поднела кривична пријава против едно физичко лице во својство на претседател на Управен одбор на правен субјект за сторено кривично дело Измама по член 247 став 4 од К.З. на РСМ и три службени лица за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување по член 353 став 3 од К.З на Република Северна Македонија.
- Во текот на 2021 година во судска постапка пред Апелационен суд во Гостивар со намера да се стекне со противправна имотна корист првопријавеното физичко лице лажно прикажал факти, односно второпријавениот, третопријавениот во својство на овластени ветеринари и четвртопријавениот во својство на в.д директор на Јавно претпријатие со искористување на своите службени положби прибавиле противправна имотна корист за првопријавениот на начин што во два записници од Агенција за храна и ветеринарство на Р.С.Македонија и еден Записникот од Јавно претпријатие, внеле невистинити податоци и истите ги овериле со свој печат и потпис, а првопријавениот ги употребил во судска постапка и по основ на штета, се здобил со противправна имотна корист од 5.905.636,00 денари на штета на Буџетот на Република Северна Македонија, појаснуваат од Управата за финансиска полиција.
Ново на Сител
-

Над 130.000 казни од почетокот на „Safe City“, 95% од нив за брзo возење
-

Цената на дизелот се зголемува за 2,5 денари, на бензините за еден денар
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Уапсени две лица за пожарот кај „Рампа“ – повреден пожарникар и оштетени две противпожарни возила
-

Уапсен велешанец поради предизвикување пожар во Долно Оризари
-

Уапсени 11 лица кај кои е пронајдена дрога, при претрес во Затвор Идризово кај осуденик пронајдени таблети
-

ЦУК: Активен пожарот во месноста Пармакови Ниви во Кумановско
-

Фон дер Лајен: Итната потреба на Украина за посилна воздушна одбрана ќе биде тема на самитот на НАТО
