Финска регистрираше рекорден број баратели на азил по руската инвазија врз Украина
Финска регистрираше рекорден број баратели на азил по руската инвазија врз Украина, надминувајќи го рекордот од 2015 година за време на миграциската криза, информираа денеска властите на земјата.
„Заклучно со 4 август, поднесени се 35.064 молби за привремена заштита од луѓе, кои ја напуштиле Украина поради воениот напад на Русија“, соопшти финската служба за имиграција. Оттаму посочија дека во системот за сместување веќе се евидентирани над 37.000 лица, повеќе од кога и да е. Претходниот рекорд во земјата датира од 2015 година и изнесува 32.000 лица.
„Една третина од луѓето кои бегаат од Украина се деца“, истакнаа од службата за имиграција. Досега, одделот обработил 33.480 молби за заштита и близу 95 отсто од подносителите веќе добиле одговор. Заштита добија 33.231 лице. Помалку од еден отсто од молбите се одбиени. Одбиени се граѓани на други земји, а не на Украина, подвлече службата.
Секој што поднесува молба за привремена заштита во Финска, веднаш добива право да работи во земјата. Според најновите податоци на Обединетите Нации, досега во Европа регистрирани се над 6,3 милиони бегалци од Украина.
Ново на Сител
-
Отворена истрага за 34 осомничени, Обвинителството бара притвор за сите
-
Тема на денот со Миодраг Лабовиќ, професор на Факултетот за Безбедност
-
Голем пожар во Струмица
-
Отворена истрага за 34 осомничени, Обвинителството бара притвор за сите
-
Тошковски: Заврши првата фаза од постапувањето за пожарот во „Пулс“
-
Намален бројот на повредени хоспитализирани во земјата и странство нема транспорт на повредени надвор од државата
-
Итна и првична помош од 2.500 евра за сите засегнати од пожарот
-
Обдукцијата покажа дека 59-те лица починале од задушување со јаглероден моноксид во дискотеката во Кочани