Финска регистрираше рекорден број баратели на азил по руската инвазија врз Украина
Финска регистрираше рекорден број баратели на азил по руската инвазија врз Украина, надминувајќи го рекордот од 2015 година за време на миграциската криза, информираа денеска властите на земјата.
„Заклучно со 4 август, поднесени се 35.064 молби за привремена заштита од луѓе, кои ја напуштиле Украина поради воениот напад на Русија“, соопшти финската служба за имиграција. Оттаму посочија дека во системот за сместување веќе се евидентирани над 37.000 лица, повеќе од кога и да е. Претходниот рекорд во земјата датира од 2015 година и изнесува 32.000 лица.
„Една третина од луѓето кои бегаат од Украина се деца“, истакнаа од службата за имиграција. Досега, одделот обработил 33.480 молби за заштита и близу 95 отсто од подносителите веќе добиле одговор. Заштита добија 33.231 лице. Помалку од еден отсто од молбите се одбиени. Одбиени се граѓани на други земји, а не на Украина, подвлече службата.
Секој што поднесува молба за привремена заштита во Финска, веднаш добива право да работи во земјата. Според најновите податоци на Обединетите Нации, досега во Европа регистрирани се над 6,3 милиони бегалци од Украина.
Ново на Сител
-
Филков: Правда ќе има
-
Со мирен марш средношколците од Охрид им оддадоа почит на настраданите во Кочани
-
Уште 17 потешко повредени во текот на ноќта пренесени на лекување во Србија, Грција и Австрија
-
14 осомничени за пожарот во Кочани се во притвор, меѓу нив и екс министерот Бектеши
-
Од денеска теренски контроли на сите кабареа и ноќни клубови, само 12 субјекти во државата поседуваат лиценци
-
14 осомничени за пожарот во Kочани се во притвор, меѓу нив и екс министерот Бектеши
-
Уште 17 потешко повредени во текот на ноќта пренесени на лекување во Србија, Грција и Австрија
-
Бектеши и Трајковски на распит во Кочани