Фиренца го ограничи движењето на туристите навечер
Властите во Фиренца, Италија, одлучија да се забрани одење во популарните делови на градот од 21 до 6 часот наутро, со цел да се спречи пренатрупаноста за време на пандемијата.
Ова правило нема да важи за посетителите и граѓаните кои ќе консумираат храна и пијалаци во некои од баровите и рестораните во овие делови на градот. Градоначалникот на Фиренца, Дарио Нардела донесе одлука прошетката до популарните места да биде забранета во четврток, петок и сабота навечер. Така што, нема да биде дозволен пристап до одредени области во центарот на градот. Избраните области што се предмет на забраната, се познати по тоа што, на пр. луѓето сакаат да седат на скалите – кај познатите цркви и палати.
Забранети се и пијалаци и храна на скалите на базиликата „Санто Спирито“ и тоа – 24 часа на ден. Секој што ќе ги прекрши овие нови правила, ќе плати казна од 400 до 1.000 евра. Забраната ќе важи до крајот на пандемијата.
Околните жители се прилично лути на ваквата одлука, бидејќи плоштадите се јавни места и на овој начин се испраќа порака дека „можете да влезете во одредени делови од градот само доколку имате резервација во ресторан“.
Сепак, скоро сите се согласуваат за една работа – некултурните туристи треба да бидат казнети.
Ново на Сител
-
Детектор: Средна оценка 2.5 за владеењето на правото во Македонија
-
Нема партиски вработувања, ниту на министерот Меџити му се одземени ингеренциите, вели премиерот
-
Без вода утре дел од Центар
-
Мицкоски: Мора да се кажува вистината за Македонија и да градиме сојузништво
-
Божиновска: Завршува ерата на неточни броила, опремата за проверка на струјомерите веднаш да биде на располагање на граѓаните
-
Бејрут: Десетици илјади луѓе на погребот на убиениот лидер на Хезболах Хасан Насрала
-
Загадувањето на воздухот во Холандија ја надминува дозволената граница на СЗО
-
Oд средината на март од Дебар до Тирана ќе се стигнува за еден час