Фити: Оставрлив е економски раст од 3,2 отсто годинава во Македонија
Остварлива е стапката на економскиот раст на земјава од 3,2 отсто за оваа година, иако ММФ и Светска банка деновиве излегоа со проекција дека годинава економскиот раст ќе биде 2,8 отсто, смета претседателот на Македонската Академија на Науките и уметностите(МАНУ), Таки Фити, кој денеска на штипскиот универзитет “Гоце Делчев“ присуствуваше на промоцијата на книгата „Патеките на транзицијата“: емпириска анализа на македонската и бугарската економија, а работена како меѓународен проект меѓу МАНУ и БАН.
Фити вели дека по надминување на политичката криза полека почнале да растат инвестициите и личната потрошувачка.
-Многу е важно како ќе се држи извозот, кај извозот имаме квалитативни подобрувања, поместувања, благодарение на странските инвестиции во зоните. Значи оваа стапка е остварлива. Инаку Македонија не оваа година, туку 2019 година и натаму мора да направи се да постои стапки на раст меѓу 4,5 и 5 отсто. Тоа е потенцијалот на македонската економија, ако сакаме да одиме напред, рече Фити.
Ново на Сител
-
Нема место за 4.671 дете во градинките
-
Преглед на вестите од светот
-
Судскиот совет да ја преиспита одлуката за Теодора
-
Филков: Останувам министер за правда – коалицијата функционира одлично
-
Меџити: Таравари да се одлучи
-
Филипче повика на уставни измени
-
Овошките на удар од ниските температури
-
Црвен крст - Штип организира обуки за прва помош за заинтересирани граѓани, фирми и ученици