Физички напад со ладно оружје и гасен пиштол: Татко и двајца синови осомничени за насилство во Бутел

Со боксови, нож и гасен пиштол, татко и неговите два сина вчера физички нападнале две лица на нивното работно место во „АД Гробишта Бутел“, при што на оштетените им биле нанесени повеќе телесни повреди и во јавноста било предизвикано чувство на страв и несигурност.
Како што соопштија од Основното јавно обвинителство Скопје, против тројцата поведена е постапка поради основано сомнение за сторено кривично дело насилство.
Според наводите, инцидентот се случил на 7 април 2026 година, а мотив за нападот била одмазда. Осомничените, дејствувајќи во група, ги пресретнале оштетените на нивното работно место, почнале да ги навредуваат и физички да ги напаѓаат. Во текот на пресметката замавнувале со нож, а во еден момент првиот осомничен извадил гасен пиштол, со кој го удрил еден од нападнатите во главата, при што пиштолот испукал.
Од применетото насилство, двајцата оштетени се здобиле со повеќе телесни повреди.
За тројцата осомничени, односно таткото и неговите синови, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор, имајќи предвид дека постојат околности што очигледно укажуваат на опасност од бегство, но и на тоа дека тие се во можност да вршат нови кривични дела.
МИА
Ново на Сител
-

Дојави за бомби во два трговски центри во Скопје
-

Поленските алергии го зголемија бројот на пациенти во клиниката „Козле“
-

Со прекуграничен проект се обезбедува нова опрема за итната медицинска помош во Југоистокот
-

100 години ЗОО Скопје
-

Трамп повторно се закани дека ќе го нападне Иран
-

Марш на ангелите во Штип за вистината и правдата
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, екс амбасадор во Бугарија
-

ДДВ-то на дизелот се враќа од 10 на 18%
