Македонија
16. August 2020 - 15:58

Физички нападнато малолетно девојче од Тетово

Вчера навечер околу 21 часот во СВР Тетово, Д.К.(33) од Тетово пријавила дека околу 19.40 часот нејзината малолетна ќерка, додека била со три другарки во двор на училиште во Тетово, била физичка нападната од две лица, кои ги познавала, соопштуваат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.