Фјури славеше со песна на „Аеросмит“

Британскиот боксер Тајсон Фјури синоќешната победа со технички нокаут во втората рунда против Германецот Том Шварц, ја прослави со песна на „Аеросмит“, што лично ја испеа по мечот на рингот во Лас Вегас.
Фјури, познат како „Кралот на циганите“, буквално го претепа Германецот, кој очигледно не му беше достоен противник, па по вториот нокдаун судијата беше принуден да го прекине мечот. Но, тука не заврши претставата на британскиот шоумен, кој на рингот се појави накитен со американски знамиња.
По завршувањето на борбата, Фјури го зема микрофонот и го запеа хитот на „Аеросмит“, „Ништо не би сакал да пропуштам“ (‘I don’t want to miss a thing’), а заедно со него пееше и целата сала.
Непобедливиот боксер исто така пред да запее на присутните им најави нова борба оваа есен, како и нов меч со Деонтај Вилдер следната година, на кого му порача дека „доаѓа по зелениот појас“.
Фјури синоќа ја постигна 28 победа во кариерата, во која има само едно реми, а Германецот Шварц го искуси првиот порази по 24 победи.
Ново на Сител
-

Најниска температура изутринава на Попова Шапка, највисока во Гевгелија
-

Студентите во блокада во Србија организираат протест во Белград
-

Универзитетот Оксфорд развива вакцина против ебола за справување со епидемијата
-

Предложен притвор за косовски државјанин за тешката сообраќајна несреќа на скопската обиколница
-

Променливо облачно и нестабилно, со пороен дожд, грмежи и северен ветер
-

Сиљановска Давкова: Приоритет за нас остануваат правата на Македонците во Бугарија
-

Сиљановска-Давкова: Безбедноста е на највисоко ниво, нема логичен основ за шпионажа
-

Во израелските напади во Либан за 2,5 месеци загинале 3.111 луѓе
