ФК Вардар не доби лиценца за Лига Европа

ФФМ денеска објави дека ФК Вардар останува без лиценца за настап во европските купови и покрај освоеното второ место во домашното првенство поради неисполнување на финансиските услови.
Одлуката ја потврди комисијата за лиценцирање на ФФМ, врз основа на доставените барања и документација од клубовите во Првата македонска фудбалска лига. За учество во УЕФА натпреварувања за сезона 2019/2020, ги донесе следниве одлуки:
Се издава лиценца за учество во УЕФА натпреварувања за сезона 2019/2020 на фудбалските клубови:
Академија Пандев АД - Струмица
Беласица АД - Струмица
Македонија ЃП 1932 АД - Скопје
Работнички АД - Скопје
Ренова АД - Скопје
Силекс АД - Кратово
Шкендија АД - Тетово
Шкупи 1927 АД - Скопје
Не се издава лиценца за учество во УЕФА натпреварувања во сезона 2019/2020 на фудбалските клубови:
Вардар АД - Скопје
Победа АД - Прилеп
По одлуките на Комисија за лиценцирање, ФК Вардар АД - Скопје поднесе жалба до Комисија за жалби за лиценцирање, но истата беше одбиена како неоснована. Со оваа одлука се отвори место во Лига Европа за петопласираниот тим.
Ново на Сител
-

Муцунски: Владата работи на трајно решение за одблокирање на евроинтеграциите
-

Цената на суровата нафта „потона“
-

Преглед на вестите од светот
-

Муцунски за МИА: Работиме на одржливо решение, кое нема повторно да создава ризици
-

Охрид полн со туристи но и со смет
-

Милионска санација за штипската болница
-

Одбележување на Илинден во Пелинце и Св.Прохор Пчински
-

Сиљановска Давкова за Илинден во Скопје
