-->
-->
ФК Вардар пристигна во Загреб
-->

Нашиот тим „слета“ во хрватскиот главен град каде што утре го игра реваншот во ЛШ против Динамо
Вардаровата експедиција утринава пристигна во Загреб, каде што утре во 20:45 часот го играат реванш натпреварот од 2. квалификациско коло од Лигата на шампионите против Динамо. Полни со оптимизам и покрај резултатот од првиот дуел, Вардарци се подготвени да дадат се од себе за да бидат конечни победници во двомечот со хрватскиот првак и да продолжат во следната фаза, откако немаа среќа да стигнат до поволен резултат во Скопје.
Фудбалерите вечерва имаат тренинг на стадионот „Максимир“ на кој што утре ќе се игра дуелот со „модрите“. Претходно Вардар ќе одржи и прес конференција на која што ќе ги искаже своите очекувања од утрешниот втор натпревар.
Натпреварот Динамо - Вардар се игра во среда (20.07) со почеток во 20:45 часот. Првиот дуел заврши со триумф на Хрватите од 2:1.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Подигнување на свеста за одговорно сопствеништво едно од решенијата за проблемот со кучињата скитници
-

Над јужен Израел паднаа ирански ракети: Израелците возвратија со контра напад кон иранската револуционерна гарда
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник на СДСМ
-

САД ги олесни санкциите против Иран – Израел најави пожестоки напади
-

Влада утре ќе носи мерки
-

Неизвесност со производството на домашна храна во Македонија, како и со нејзината цена
-

СДСМ: Профитира бизнисот на Мицкоски
-

Пронајдено безживотно тело во атарот на Зрновци
