Фудбал
30. March 2016 - 11:57

ФК Вардар: Проектот Јуниор-лига е во корист на мак-фудбалот

11 регионални единици ќе ја отворат пролетната сезона во Јуниор лигата  на ФК Вардар која ќе продолжи овој викенд. 

Настанот ќе биде организиран на помошното игралиште во населбата Аеродром (до х. Русија) во недела од 10.30 часот. 
Покрај досегашните членови на Академијата на ФК Вардар се приклучија уште три нови регионални единици Прилеп, Велес и Пробиштип. Вкупно преку 500 дечиња ќе тренираат во системот на ФК Вардар. 
За таа цел ќе се одржи и семинар за тренерите кои работат во овие фудбалски школи. 

Овој, засега единствен проект од вакви размери во македонскиот фудбал, има за цел да го поттикне интересот за фудбалот меѓу младите таленти низ цела Македонија, како и да им овозможи соодветни услови за резвој при изучувањето на тајните на фудбалската игра, под стручна закрила на најтрофејниот домашен клуб.

Директорот на ФК Вардар Самоил Симев очекува лигата да донесе бенефит не само за ФК Вардар туку и воопшти за македонскиот фудбал: „Голем интерес за оваа лига има посебно од внатрешноста од државата и наша задача е да се бориме да ги реализираме сите цели со овој проект. Вардар создава инднина, ќе работи на создавање на нови фудбалери. Клучен проект се регионалните единици, со кои сакаме да им обезбедиме поддршка и популаризација со цел да има што можно повеќе дечиња. Тренерскиот и скаутинг тимот, воочија голем број на потенцијали во регионалните единици и веќе информиравме дека 15 деца се префрлени во школите на Вардар. За да обезбедиме поголема едукација, доста новитети ќе има во вториот дел од сезоната. Ќе има доедукација на тренерите, ќе се надополни наставата. Бенефит од сето тоа ќе има целата јавност и општеството, ќе добијат деца со вистински човечки вредности, бенефит ќе има во иднина и првиот тим, ќе имаат и националните селекции, а и другите клубови, затоа што не може сите да играат во Вардар. Вардар својата иднина ќе ја темели на играчи од сопствениот погон. Наскоро ќе почнат со работа во новиот објект во Градскиот парк, кој ги нуди сите услови“,изјави  Симев. 

По петте есенски кола и успешно организираниот завршен турнир на стадионот во населбата Ѓорче Петров, каде што на околу 70 натпревари беа постигнати повеќе од 300 погодоци, нашите млади фудбалски „бисери“ и претстојнава пролет ќе имаат можнст да другаруваат, напредуваат и да го покажат нивниот раскошен потенцијал на фудбалските терени.

Покрај младите генерации на момчиња родени од 2002 до 2005 година, кои тренираат во соодветните возрасни категории од младинската школа на ФК Вардар, во Јуниор лигата ќе се натпреваруваат следните  екипи од регионалните единици низ целата Република:

  • ФК Мал Ајакс - Вардар, Штип
  • ФК Тотал Фудбал - Вардар, Ресен
  • ФК Еврофудбал - Вардар, Охрид
  • ФК Куманово Еуроспорт - Вардар, Куманово
  • ФК Слога 1934 - Вардар, Виница
  • ФК Спортефе - Вардар, Скопје
  • ФК Форца - Вардар, Скопје
  • ФК Валандово - Вардар, Валандово
  • ФК Пробиштип
  • ФК Јуниор - Велес 
  • ФК Прилеп 

Екипите се поделени во две групи и натпревари ќе се играат секој викенд