-->
-->
ФК Вардар се засили со Украинец
-->

Вардар во своите редови донесе уште едно ново засилување. Евгениј Новак, 26-годишниот дефанзивец, стана нов член на нашиот тим. Новак, игра на позицијата стопер, и со „црвено-црните“ стави потпис на едногодишниот договор, со можност истиот да биде продолжен на уште две години.
Новак е познато име во Вардаровиот тим, со оглед дека фудбалерот беше на подготовките на Вардар во Австрија, каде што одигра неколку пријателски средби. Со тоа тој веќе мина извесен период на адаптација во „црвено-црните“, и доаѓа во позната средина.
Евгениј Новак е роден на 1 февруари 1989 година во Черкаска Област (Украина). Младинските категории ги минува во гигантот Динамо Киев каде што настапува од 2000 година до 2012 година, тренирајќи за првиот тим, и играјќи за втората екипа на Динамо, каде што беше и носител на капитенската лента. Во 2012 година замина во Севастопол каде што остана две години. Минатата сезона ја мина во дресот на Волин Луцк.
Новак е девето засилување на Вардар во овој преоден рок. Претходно на нашиот тим пристапија голманот Филип Гачевски, потоа Немања Мијушковиќ, Дарко Велковски, Владица Брдаровски, Бобан Николов, Хуан Фелипе, Ацо Стојков и Цезар Ромеро.
Му посакуваме среќа на Новак во новата средина и многу победи и титули во дресот на Вардар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Муцунски: Европската комисија потврдува видлив напредок во повеќе области
-

Ѓорѓиевски: Град Скопје со сопствени средства ќе гради две нови средни училишта
-

Повторно раст на цените на нафтата
-

Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше соодветно и го институционализираше случајот
-

Фонд на ПИОМ: Пензионерите да бидат спокојни, исплатата на пензиите е приоритет
-

„АЛТА банка“ АД Битола денеска им изврши исплата на 556 пензионери
-

За пет дена регистрирани 25 пријави за семејно насилство, приведени 14 лица
-

Израелски медицински тим прегледа 24 повредени во пожарот во Кочани, од нив 16 со повреди на рацете се оперирани
