Македонија
25. July 2018 - 21:18

„Флоријан“ зема замав – ќе има нови врнежи, грмежи и невреме

Денеска претпладне  времето во државава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, но и со услови за локален дожд проследен со поретки грмежи особено на север и северозапад, пишува „Метеомакс“.

Од пладневните часови па натаму на повеќе места и тоа особено на запад, југозапад и на исток ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, и засилување на ветерот.

Локално ќе има услови за поинтензивни атмосферски процеси проследени со интензивен пороен дожд, засилен ветер, електрични празнења и појава на град.

Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени што значи ќе бидат значително под просекот за овој дел од годината.

Циклонот „Флоријан“  ќе се задржи и следните денови и ќе условува чести врнежи, грмежи и услови за невреме.