Фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да одговори кога ќе биде неправедно или произволно таргетирана
Трансатлантското партнерство останува нашата најконсеквентна врска и тоа е од фундаментална важност за промовирање на мирот, безбедноста и просперитетот, па затоа и наспроти се, разговаравме за начините за прагматична соработка со САД, порача доцна синоќа претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен по завршувањето на неформалниот Самит на Унијата во Брисел.
– Очигледно има нови предизвици и растечки неизвесности, така што Европската Унија е подготвена за силен, но конструктивен дијалог со САД, изјава Фон дер Лајен.
Таа нагласи дека ЕУ ги препознава и потенцијалните предизвици во односите со САД и е подготвена цврсто да одговори кога ќе биде неправедно или произволно таргетирана.
– Викендов бевме сведоци на тоа како беа воведени високи царини за Канада и Мексико.
Тие царини ги зголемуваат деловните трошоци, им штетат на работниците и потрошувачите, создаваат непотребни економски нарушувања и ја поттикнуваат инфлацијата.
Не гледаме дека нешто добро ќе излезе од нив, порача претседателката на ЕУ.
Затоа, според Фон дер Лајен, ЕУ им дава приоритет на продуктивните дискусии и навремени ангажмани и останува цврсто посветена на своите мултилатерални обврски, било да станува збор за развојната помош или за остварување на климатски цели.
– Ние сме целосно свесни за фактот дека имаме свои предизвици кои треба да ги совладаме. Мора да си ја завршиме домашната задача.
Така, беше многу јасно кажано дека ќе се фокусираме и на конкурентноста на Европската Унија.
Како што изложив и во „Компасот за конкурентност“, имаме цел и патоказ на кои треба да работиме, додаде Фон дер Лајен.
Ново на Сител
-
Излезни анкети од изборите во Косово: ВВ на Курти 38,2%, ПДК на Красниќи 22,4%, ЛДК на Абдиџику 20,1%, ААК на Харадинај 7,6%
-
Трамп очекува Маск да открие злопупотреби во Пентагон вредни милијарди долари
-
Две лица од Долно Јаболчиште приведени за поседување оружје и муниција
-
Парламентарни избори во Косово: Одѕивот до 15 часот 23,38 отсто, не се забележани сериозни инциденти и нерегуларности
-
Приведен дилер во Скопје
-
Провалил во стан и со закани грабнал лице кое му должело пари - притвор за 56-годишен скопјанец
-
Детектор анкета: Мерките за замрзнување на цените не даваат ефект, граѓаните ги обвинуваат маркетите за инфлацијата
-
Санкционирани 549 возачи во Скопје, 187 за брзо возење