Фон дер Лајен: Европската Комисија ќе додели 15 милиони евра помош за Албанија
Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен соопшти дека Европската Комисија одлучила да даде 15 милиони евра за Албанија за санирање на штетите од разорниот земјотрес што ја погоди земјата на 26 ноември.
Како што јави тиранската телевизја Топ чанел, таа додала дека Европската Унија се солидаризирала со ситуацијата не само со зборови туку и со конкретна финансиска помош. Претходно во Албанија пристигнаа специјализирани екипи за пронаоѓање и спасување, а сега има и екипи на терен за проценка на штетите.
-Уште веднаш по земјотресот имав телефоснки разговор со премиерот Еди Рама и реков дека ЕУ е целосно солидаризирана со Албанија со активности, а не само со обични зборови. Веќе сме на терен, а сега нудиме нешто повеќе. Досега, Комисијата помогна во мобилизирање на три тимови за пребарување со повеќе од 200 обучени лица, од Италија, Грција и Романија. Ние ќе дадеме 15 милиони евра од Фондот за политика на добрососедство и договоривме да организираме донаторска конференција за Албанија, рекла Лајен.
Најавила дека еврокомесарот Ленарчиќ ќе отпатува за Албанија каде од блиску ќе ја разгледа ситуацијата и ќе создаде поцелосна слика за состојбата на погодените објекти, како и проценка на видот на помошта што е потребна за реконструкција.
Најавила дека во четвртокот се очекува новиот европски комесар за справување со кризи, Јанез Ленарчич, да ја посети Тирана каде треба од блску да добе јасна слика за состојбата и да зборува за плановите за обнова.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници