Фон дер Лајен во посета на Западен Балкан до крајот на овој месец
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, најави утрово дека до крајот на овој месец ќе го посети регионот за да го поддржи процесот на приклучување кон ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.
Фон дер Лајен ова го најави за време на нејзиниот годишен говор за Состојбата на Европската Унија, што се одржува секој септември и во кој претседателката ги презентира успесите и предизвиците на Европската Унија.
– Пред крајот на овој месец ќе отпатувам во регионот за да испратам силен сигнал на заложба за процесот на пристапување, им го должиме ова на сите млади кои веруваат во европската иднина, рече шефицата на Европската Комисија.
Таа потсети дека Европската Унија го поддржува регионот и економски преку Економскиот и инвестициски план кој изнесува третина од целкупниот бруто домашен производ на регионот.
– Затоа што инвестиција во Западен Балкан е инвестиција во иднината на ЕУ, рече Фон дер Лајен.
Фон дер Лајен не ги спомена поединечно земјите од регионот како што го често го правеше тоа во минатото, посебно фактот дека Македонија и Албанија ги исполнуваат условите за почеток на преговорите со ЕУ.
Ново на Сител
-
Владата утре ќе се задолжи со 39 милиони евра на домашниот пазар
-
Агенцијата на ОН за помош на Палестинците УНРВА одби да се евакуира од Рафа
-
Тешко повреден 74 годишен велосипедист во сообраќајна несреќа во Охрид
-
Значаен пад на цените на нафтата минатата недела
-
Триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци, прва жртва при распадот на Југославија
-
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради Денот на полицијата
-
Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција
-
Галески: Сигурно е само дека Македонија ќе биде повторно твоја