Формирана интерпартиска парламентарна група за унапредување на правата на ЛГБТ

Во Собранието на Република Македонија денеска беше конституирана Интерпартиска парламентарна група која ќе работи на унапредување на правата на ЛГБТ лицата.
Невладината ХЕРА информира дека мисијата на Интерпартиската парламентарна група е да се застапува за унапредување на правата на ЛГБТ луѓето, користејќи ги достапните механизми на Собранието со цел градење на општество во кое сексуалната ориентација и родовиот идентитет нема да претставуваат пречка за целосно уживање на човековите права и слободи.
Во Групата членуваат 13 пратеници од постојниот собраниски состав од различни политички партии и тоа, Лилјана Поповска и Маја Морачанин од ДОМ, Бранко Маноиловски од ДУИ, Павле Богоевски, Ивана Туфегџиќ, Ирена Стефоска, независни пратеници, Јулијана Николова и Никица Корубин од ЛДП, Петар Атанасов, Јагода Шахпаска и Славица Шуманска Митева и Александар Кирацовски од СДСМ и Соња Мираковска од НСДП.
На средбата се обратија координаторката на Интерпартиската парламентарна група за унапредување на правата на ЛГБТ луѓето Маја Морачанин и заменик-координаторот Павле Богоевски.
Драгана Дрндаревска, презентирајќи ја „Процената на знаењето, ставовите, практиките и потребите на пратениците во Собранието на Република Македонија во врска со човековите права на ЛГБТИ луѓето и заштитата од дискриминација“, посочи дека пратениците од парламентарното мнозинство и повеќето од пратениците од албанските политички партии даваат поддршка за заштитата од дискриминација, насилство и говор на омраза кон ЛГБТИ луѓето.
Националната мрежа за борба против хомофобијата и трансфобијата го поздравува и поддржува овој процес и ги поканува и останатите пратеници кои ги застапуваат човековите права и слободи, да им се приклучат на своите колеги и колешки во Интерпартиската парламентарна група за унапредување на правата на ЛГБТ луѓето.
На настанот беа присутни пратеници, амбасадори и претставници на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија.
Ново на Сител
-

Куманово: Тешко повреден малолетник во сообраќајка
-

ФЕД го назначија Пауел за привремен претседател се додека Ворш не положи заклетва
-

На досегашниот началник на белградската полиција му е одреден 30-дневен притвор
-

Хигиеничар во основно училиште во беровско село снимал ученици со мобилен телефон
-

Ѓорѓиевски: После 30 години решени имотно-правните односи, се довршува булеварот „Борис Трајковски“ кон Драчево, Зелениково, Студеничани...
-

Путин во официјална посета на Кина на 19 и 20 мај
-

Претседателот Абас во писмо до ОН бара повлекување на Израел од Газа и формирање палестинска држава
-

Кривична пријава за обид за разбојништво во Битола
