Македонија
10. February 2018 - 20:33

Формирана Национална алијанса за инклузивно општество 5 до 12

Активности и лобирање кај надлежните институции за донесување суштински законски измени за подобрување на правата на лицата со посебни потреби, најавува денеска формираниот сојуз на здруженија на граѓани -  Национална алијанса за инклузивно општетсво 5 до 12. 

Во сојузот се обединети здруженија на граѓани, членови на координативно тело на Граѓанска иницијатива 5 до 12, кои во изминатиот период со камување пред Собранието бараа поддршка за подобар третман на лицата со посебни потреби.

На промоцијата на алијансата беше истакнато дека проблем за лицата со посебни потреби и натаму се непристапноста до институциите, училиштата, градинките, болниците,...

Измените на законите за кои ќе лобираат кај централната власт, според претставниците на здруженијата, не треба да се носат по брза постапка, туку со нив да се согледаат и третираат суштински проблемите.