Форум на идни млади лидери во општина Ѓорче Петров
Ученици од различни етнички заедници учествуваа на Форумот на млади лидери во основното училиште Ѓорче Петров на кој се разгледуваше состојбата на младите на локално ниво, нивните потреби и учеството во креирање на политиките за млади и можноста за нивно вклучување во јавниот живот на локално ниво, соопшти денеска општина Ѓорче Петров.
На презентацијата на која учествуваа сите шест основни училишта во општината Ѓорче Петров и ДСУ Кочо Рацин учесниците дискутираа за мултикултуризмот кај младите, стратегијата за организација на млади и запознавање со личноста или организацијата .
На следната обука која ќе се одржи во мај годинава младите ќе бидат подготвени за ораторската вечер која ќе се одржи во Домот за култура во општината Ѓорче Петров.
Во изминатиот период беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу општината Ѓорче Петров и Центарот за економски политики, анализи и консалтинг. Целта на оваа соработка е унапредување на меѓуетничката толеранција на младите припадници на помалите заедници и нивна подготовка за учество на демократски процеси на локално ниво во општината.
Ново на Сител
-
Тешко повреден 74 годишен велосипедист во сообраќајна несреќа во Охрид
-
Значаен пад на цените на нафтата минатата недела
-
Триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци, прва жртва при распадот на Југославија
-
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради Денот на полицијата
-
Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција
-
Галески: Сигурно е само дека Македонија ќе биде повторно твоја
-
Скопјанец и двајца штипјани нападнати во угостителски објект во Кавадарци
-
Приведено лице од Долни Дисан поради бегство од затворот во Куманово