Франција економски најдобро реагираше по олабавувањето на мерките за изолација
Франција е европската земја чија економска активност реагираше најбрзо по излезот од мерките за изолација, наметнати поради епидемијата со Ковид-19, и тоа благодарение на потрошувачката на домаќинствата.
Студијата на Бостон Консултинг Груп покажа дека Франција, откако забележа најголем пад во економската активност, сега е земјата која најбрзо ја зголеми активноста. Овој кабинет направи алатки на вештачка интелегенција кои дозволуваат да се мери во реално време скокот на економските активности, во однос на нивото пред кризата за девет земји меѓу кои Франција, Германија, САД, Јапонија и Бразил. На 12 јули Франција и Германија покажа резултат од 94 поени, многу блиску до нивото од пред кризата, следени од Италија со 91 и Шпанија 90, додека Обединетото кралство има скок од 76.
Така, откако падна за 49 поени, потрошувачката во Франција во јули забележа скок од 45 поени, додека во Германија на падот од 32 поени сега следи скок од 27 поени, со тоа што оваа земја не го ограничи толку строго своето население. Автомобилскиот сектор, што особено страдаше од мерките на ограничување,, исто така, подобро закрепнува во Франција (95) отколку кај нејзините европски соседи (просечно 90), „благодарение на владиниот план за стимулирање“, се забележува во студијата.
Следните два месеци, сепак, ќе бидат клучен период за европските економии, бидејќи нивото на активност е меѓу 90 и 95 отсто од оние што беа пред Ковид-19, но се забележува и мал пад на закрепнувањето.
Доколку САД, кои не беа изложени на општи ограничувања, паднаа многу помалку (86) од Европа, од друга страна, таму нема показатели за закрепнување во дејноста и потрошувачката, па дури и покажува загрижувачки знаци на застој, додека Јапонија се наоѓа во ситуација на целосно стагнација. Само Кина го врати своето ниво на активност како пред Ковид-19, со исклучок на секторот за транспорт и логистика, што зависи од извозот и увозот.
Ново на Сител
-
14-годишник ненадејно починал во битолско, му се слошило додека бил на роденден
-
Галант го информира Блинкен за операцијата во Рафа
-
УКИМ повторно рангиран на 1.990 место од 2.000 најдобри универзитети во светот
-
Претседателката ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, во јавни настапи има лично право на самоопределување, велат од кабинетот на Силјановска Давкова
-
Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат
-
Еруптираше вулканот Ибу во Индонезија
-
Тројца уапсени во Велика Британија поради соработка со разузнавачката служба на Хонг Конг
-
Во Косово досега попишани над 1,42 милиони лица, дел од Србите „се двоумат“