Свет
17. July 2016 - 9:22

Франција ги повикува граѓаните да станат резервисти

Францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев ги повика вчера граѓаните да станат резервисти и со тоа да им помогнат на безбедносите сили по неодамнешниот терористички напад во Ница. 

Францускиот оперативен резервен состав вклучува француски државјани со или без воено искуство, како и поранешни војници. 

- Сакам да ги повикам сите француски патриоти, кои тоа го сакаат да се приклучат кон овие оперативни резервисти, рече Казнев. 

Тој додаде дека оперативната резерва моментално има 12 илјади доброволци, од кои девет илјади во паравоената полиција, а три илјади се припадници на регуларните полициски сили.

- Да го зајакнеме присуството на безбедносните сили ширум земјата, порача Казнев.

Тој истакна дека бројот на припадниците на безбедносите сили распоредени заради заштита на населението е речиси сто илјади, прецизирајќи дека меѓу нив 53 илјади се полицајци, 36 илјади се припадници на паравоените сили и десет илјади се војници.