Франција: Кандидатката на Републиканците ја почна претседателската кампања со пораката „или Макрон или ние“
Една недела откако беше промовирана за кандидат на Републиканците (ЛР) за претседател на Франција, Валери Пекрес го оддржа својот прв гопор во Мезон де ла Мутуалите во Париз, јави дописникот на МИА.
-Ние се враќаме, подготвени за битка. Французите го разбраа тоа, или Емануел Макрон или ние, рече таа само една недела откако стана републикански кандидат на изборите, по нејзината внатрепартиска победа над Ерик Чиоти во вториот круг на Конгресот на ЛР.
Претседателката на регионот Ил-де-Франс ја почна својата претседателска кампања во Париз, со еднодневна средба на која присуствува парламентарци, градоначалници и локални републикански претставници.
Во овој прв голем предизборен говор од околу четириесет минути, Валери Пекресе ја бранеше желбата „да се запре неконтролираната имиграција“, „да се урнат гетата“ и да се бори против подемот на исламизмот.
-Нашиот главен предизвик е да ја обновиме нацијата. Имаме историја што треба да ја браниме, наследство, начин на живот, рече таа пропратена со ентузијастички аплауз на нејзините поддржувачи, инсистирајќи на важноста да се сподели „љубовта за нашата историја“.
За време на говорот Пекрес им оддаде почит на Ерик Чиоти, Мишел Барние, Ксавиер Бертранд и Филип Жувин, кои сите и ја потврдија нивната поддршка од крајот на минатата недела.
-Тие го направија изборот на свежина, лојалност и пријателство. Тие направија избори на државници. Ова единство е убаво и ме обврзува. Ќе бидеме еден за сите и сите за еден, нагласи Пекрес.
За време на нејзиниот говор, Некрес неколку пати го нападна претседателот на Фрација.
-Не станува збор за оставање на иднината на Франција во рацете на неподвижноста (…) на Емануел Макрон, почна таа, додавајќи дека „оваа неподвижност е опаѓање. Тој ќе ја жртвува иднината за сегашноста, додека ние ќе ја реформираме сегашноста за да не ја заборавиме иднината“, рече таа.
Според неа, „Франција не е управувана“ и тоа е причината што „Републиката е распарчена“. „Ќе се бориме против поразот на неуправуваните работи“, додаде таа.
Ново на Сител
-

Кривична за четири лица од Кочани за злоупотреба на службена положба во јавна набавка од 1,4 милиони денари
-

Град Скопје го уредува кејот на Вардар и најавува изградба на нова градска плажа
-

Тивок марш и парастос во Македонска Каменица „Кети Милковска и 63 ангели“
-

Нападната екипа на ТППЕ во Куманово, полицијата приведе две лица
-

Кривична за поранешен директор и три лица во јавно претпријатие во Кочани за злоупотреба на службената положба
-

Приведени 15 возачи поради возење без возачка, со активна забрана за управување од нив една малолетничка
-

ОН ја повикаа Русија да ги запре нападите врз енергетската инфраструктура на Украина
-

Tрамвај излета од шините во Сараево, една жена загина, неколкумина се повредени
