Франција ќе почне со олеснување на рестриктивните мерки
Франција ќе почне со олеснување на „локдаунот“. Одржување на концерти и фестивали ќе биде дозволено со ограничен број на публика, пишува весникот „Фигаро“.
Весникот се повикува на изјава на француската министерка за култура Розлин Башлот.
Таа појасни дека властите планираат да дозволат одржување фестивали и концерти кон крајот на пролетта и летото, доколку на нив не присуствуваат повеќе од 5.000 луѓе.
Услов е сите гледачи да имаат место за седење, а присутните да носат маски и да одржуваат физичка дистанца. Освен тоа, Владата ќе создаде фонд од 30 милиони евра, кој ќе ја надомести штетата во случај на откажување на некој настан поради пандемијата на коронавирусот. Уште 15 милиони евра ќе бидат наменети за снимање на настаните и нивно емитување на интернет.
Ново на Сител
-
Венко Филипче е единствениот кандидат за лидер на СДСМ на внатрепартиските избори
-
Претседателката ја поздрави засилената дипломатска активност на премиерот
-
ВМРО-ДПМНЕ: Ги напаѓа ли Филипче САД преку Сашо Орданоски?
-
Преглед на вестите од светот
-
Ново судење за убиствата на Вања и Панче - се презентираат видео снимки од домот на обвинетиот Манев
-
Безбеден град: И полициски возила со паметни камери ќе детектираат погрешно паркирање
-
21-ви февруари, Меѓународен ден на мајчиниот јазик
-
СДСМ: Зошто уште не е формиран инспекторат за употреба на македонскиот јазик?