Франција ќе се жали до ФИФА за поништувањето на голот на Гризман
Француската фудбалска федерација ќе се жали до ФИФА поради поништување на голот на Антоан Гризман. „Триколорите“ вчера загубија од Тунис (0:1) во натпреварот од 3. коло од групната фаза на Светското првенство 2022 година.
Антоан Гризман израмни во осмата минута од судиското надополнување. Главниот судија на средбата Метју Конгер од Нов Зеланд веќе свирна крај на натпреварот, но потоа отиде кај мониторите на ВАР да го прегледа моментот при голот на Гризман. По прегледување на видеото Конгер го откажа голот поради офсајд позиција.
Според протоколот ВАР, судијата немаше право да го користи правото на видео преглед по продолжувањето на играта.
– Ќе поднесеме жалба поради поништување на голот на Антоан Гризман. Според нас, по грешка е откажан, стои во реакцијата на Французите.
Жалбата мора да биде поднесена во рок од 24 часа по завршувањето на натпреварот.
Ново на Сител
-

Камионџии и натаму добиваат црн печат, ЕК ќе презентира преодно решение следната недела
-

Електронски листи за операции
-

ФЗО: Иако буџетот е ист како лани ќе има скапа терапија за онколошките пациенти
-

Тема на денот со Димитар Николовски, Евротинк
-

Протест со барање да се вози без возачка дозвола
-

Крмзов седна на обвинителна клупа, одговара за даночна измама
-

Обвинителството отвори предмет за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД
-

Мицкоски: Да се воздржиме од коментари додека трае истрагата
