Франција одлучи: Рамос е најдобриот дефанзивец во историјата
Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос продолжува да собира титули. Ден откако го предводеше својот тим до победа од 3: 1 над Барселона на „Камп Ноу“, „четворката“ на шампионите беше избран за најдобар дефанзивец во историјата.
Ваква анкета вчера беше објавена од авторитетниот „Франс Фудбал“, кој ги запраша своите читатели: „Дали Серхио Рамос треба да се смета за најдобар дефанзивец во историјата? Дури 62% од гласачите одговорија со „да“.
Легендата на „кралскиот клуб“ има многу успеси во кариерата. Меѓу нив е и најефикасниот дефанзивец во историјата со повеќе од 100 гола, од кои последниот во мрежата на Каталонците во саботата. Покрај тоа, тој има 5 титули во Шпанија, 4 Лиги на шампиони, два Купа на Шпанија, 3 Суперкупа, 3 Суперкупа на Европа, 4 трофеи од Светското клупско првенство, а со репрезентацијата на Шпанија стана Светски шампион во 2010 година, како и двапати европски во 2008 и во 2012 година.
Само пред неколку недели, „Франс Фудбал“ го рангираше поранешниот играч на Севиља меѓу најголемите столбови во одбраната покрај Франц Бекембауер, Франко Барези, Фабио Канаваро, Матијас Замер, Боби Мур, Даниел Пасарела, Роналд Куман, Гаетано Скиреја и Марсел Десаи.
Ново на Сител
-
Најмногу врнежи во Виница
-
Ѓоковиќ загуби од 19-годишниот Меншик во финалето на турнирот во Мајами
-
Надворешно-политичките, безбедносните, одбранбените и економските предизвици на ЕУ главни теми на овонеделната сесијата на ЕП
-
Во Лондон дводневен Самит за борба против шверцот на мигранти
-
Трамп: Ако Зеленски не го прифати договорот за ретки минерали може да биде „во голема неволја
-
Променливо облачно, попладне наместа со пороен дожд
-
Неготинци апелираат да не се заборави случајот со исчезнатиот Миле Тодоров
-
Георгиевски освои злато на Скопје Опен Г1