Франција: Осум лица веројатно се загинати под урнатините на двете згради во Марсеј
Осум лица не одговараат на повиците и се верува дека се под урнатините на двете згради што се урнаа во вчерашната експлозија во Марсеј, соопштија локалните власти.
Причината за експлозијата се уште не е утврдена, изјави синоќа обвинителот од Марсеј, Доминик Лоренс.
-Уривањето на зградите предизвика пожар што ја отежнува работата на спасувачите и истражителите и тој се уште не е под контрола, рече таа.
Пет лица се пренесени во болница со сериозни повреди, што но не опасни по животот.
-Третата зграда делумно е урната, изјави министерот за внатрешни работи Џералд Дарманин, кој го посети местото на несреќата.
Тој додаде дека 30 згради во областа се евакуирани.
Министерот за домување Оливие Клајн изјави за радио Европа 1 дека околу 180 луѓе се евакуирани.
-Колку што е познато зградите што се урнаа на улицата „Тиволи“ немаа структурни проблеми, додаде обвинителката.
Ново на Сител
-
Црвен Крст: Апел за помош за настраданото население од поплавите во Босна и Херцеговина
-
Скопје: Со возило полно мигранти бегал од полиција, па удрил во бетонски столб
-
Посебен режим на сообраќај во понеделник во Скопје
-
Трагедија во Гостивар - Почина 6-годишно дете, откако му се слошило на тренинг
-
Мицкоски: Целосно се реконструира граничниот премин Деве Баир, дел од Коридорот 8
-
Царинската управа запленила 36 килограми марихуана и голема количина лекови
-
Едно лица загина во сообраќајна несреќа на патот Струмица-Валандово, кај село Костурино
-
Мицкоски: Унгарскиот претседател Орбан понудата ја даде во име на претседателствувањето со ЕУ