Свет
14. September 2015 - 22:17

Франциско: Причина за миграциската криза е неправедниот економски систем

Папата Франциско изјави дека неправедниот глобален економски систем, кој ги поставува парите на повисоко ниво од човекот, е главна причина за миграциската криза во Европа и на другите места.

- Главна причина е лошиот и неправеден социјално-економски систем. Неправеден, бидејќи и кога станува збор за еколошки, политички прашања, луѓето веќе не се во центарот на внимание. Економскиот систем го става во преден план богот на парите, наведува папата.

Според него, потребни се повеќе напори за воспоставување мир и благосостојба во земјите, од каде бегаат луѓето.

Поглаварот на Римокатоличката црква настојува мигрантите „да имаат покрив над главата, да бидат добро прифатени и интегрирани во општеството“.