-->
-->
Француската амбасадорка Оер го посети Велес
-->
Амбасадорката на Франција во Македонија Лоранс Оер денеска при посетата на Општина Велес беше запозната од градоначалникот Славчо Чадиев за активностите во рамки на соработката со збратимениот француски град Шербур Октевиљ за размена на ученици и заштитата на културното наследство.
Оер била информирана и за соработката со Француската национална асоцијација на градови со историја и уметност, како и започнатата соработка помеѓу Вардарскиот плански регион и регионот Алзас во однос на винопроизводството и винскиот туризам.
Како што информира општинската прес-служба, Оер изразила задоволство од досегашната соработка помеѓу Велес и Шербур Октевиљ и ги нагласила можностите за нејзино проширување - воспоставување економска соработка на регионално ниво по завршувањето на процесот на спојување на регионите Долна и Горна Нормандија во декември годинава.
Амбасадорката Оер потенцирала дека Велес има долга историја на соработка со Република Франција што претставува цврста основа за идна соработка и помеѓу велешките и француските компании.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Татко ја пријавил за исчезната малолетната ќерка, таа се јавила од Косово
-
Криминалци со пиштоли влегле во фирма за брзи кредити и украле 5000 евра
-
Мицкоски иницира изготвување стратегија за државата во соработка со МАНУ, ја повика опозицијата заеднички да носат одлуки
-
Утре во Брисел нова рунда од дијалогот Белград-Приштина
-
Димитриеска-Кочоска: Растот на економијата следната година над 3,5 отсто, се темели на инвестиции
-
Мицкоски по повод 23 Октомври: Да не го губиме времето на поделби, туку да создадеме општество на можности и почит
-
Мисајловски: Со почит се сеќаваме на револуционерите, Македонија заслужува да биде развиена, прогресивна и безбедна
-
Голем интерес за вакцинација против сезонски грип, досега пријавени над 52 000 лица