Француската државна секретарка за Европа в среда доаѓа во Скопје
– Француската државна секретарка за Европа, Лоранс Бон, утрово од Брисел потврди дека во среда ќе ја посети Северна Македонија.
Бон ова го потврди пред почетокот на министерскиот совет за надворешни работи на ЕУ, каде Западниот Балкан е една од главните точки на дневен ред.
Таа изјави дека дискусијата за Западен Балкан во Брисел денеска ќе биде прилика за неа да „ја потврди активноста“ на францускиот претседател Емануел Макрон, како и на шефот на ЕУ дипломатијата Жозеп Борел „за смирување“ на ситуацијата, алудирајќи најверојатно на тензиите помеѓу Косово и Србија во последните недели.
Лоранс Бон рече дека утре заминува за Албанија, а во среда за Северна Македонија.
Нејзината порака во овие две земји ќе биде да инсистира на важноста за носење и спроведување на реформите во областа на владеењето на правото.
Ново на Сител
-
Први преговори ВМРО-ДПМНЕ - ВЛЕН
-
Мицкоски: Во изјавите ќе го користиме терминот Македонија
-
Мицотакис: Не ги потпишуваме договорите од Преспа, тие се наше оружје
-
Се поставуваат безбедносни камери во зградата на Кацарска, овој инцидент е загрозување на нејзината безбедност
-
Демири не кажа дали договорците на Токсикологија се стручни туку му било жал што работеле без пари
-
Анализа на македонски експерти: Кои се мотивите за атентатот врз словачкиот премиер?
-
Палевски преноќи во Шутка
-
Прегласување: Течат роковите за тужби до Управен