Свет
21. December 2016 - 13:14

Француската полиција ќе може полесно да го употребува оружјето

Советот на министри (француската Влада плус претседателот) денеска го разгледува предлог-законот со кој ќе се изменат на правилата за самоодбрана за полициски службеници, јави дописникот на МИА од Париз.

Текстот има за цел да се утврди „заеднички проект“ за употребата на огнено оружје за полицијата и жандармеријата, во моментов двете внатрешни вооружени сили имаат различен режим за употребата на личното оружје.

Една од измените предвидува дека полицијата и жандармеријата „можат да го користат оружјето по предупредувањата“ за апсење на непослушни лица или несовесни возачи.

Тоа беше едно од барањата на полицајците кои оваа есен ја искажаа „лутината“ на демонстрациите во ноќните часови по нападот на четири агенти односно тие побараа менување на правилата на самоодбрана.

Жандармеријата, која има статус на војска, сега има поголема овластувања од полицијата при употребата на оружјето, полицијата оружјето го употребува најчесто во самоодбрана.

Предлог-законот беше објавен кон крајот на ноември од страна на министерот за внатрешни работи во тоа време, Бернар Казнев, сега премиер а сега ќе бидат презентира од страна на неговиот наследник Бруно Ле Ру.

Тогаш Казнев присуствуваше на претставувањето на заклучоците од состаноците со полицијата врз основа на ветувањата од страна на Владата за да се исполнат барањата по овие невидени серии на демонстарции на полицијата во Париз но и во другите француски градови.

Во моментов, самоодбраната, како што е дефинирано во член 122-5 од Кривичниот законик е регулирана од страна на принципите на неопходност, пропорционалност и истовременост. Законот предвидува дека „не е кривично одговорен, кој, пред неоправдано лична загрозеност или на другите, изврши во исто време, чин од потребата за самоодбрана на себе си или другите, освен ако не постои диспропорција меѓу средство за одбрана кое се користи и тежината на повредата. "

Ова исто така важи и за кое било лице кое сака да „го запре извршувањето на кривично дело или прекршок против имот".

Законот од 3. јуни 2016 година, со кој се зајакна борбата против организираниот криминал и тероризмот ја овласти полицијата или војската да го користи своето оружје за да „се спречи повторување во блиско време, на еден или повеќе убиства или обид за убиство, кое што само што беше сторено“. 

Сепак, постои голема разлика меѓу полицијата и жандармеријата која предлог-законот „ќе ја исправи“.

Принципите на пропорционалност се маргинализирани, под условите опишани во член Л2338-3 од Законот за одбрана. Жандармеријата може да - и само таа - да отвори оган кога е нападната или постои закана од страна на вооружени лица, да „брани“ терен кој го окупира, ако се повторените предупредувања нема никаков ефект или да ги онеспособат возилата.

За да се исправите оваа разлика, ќе бидат направени неколку измени. Полицијата и жандармерија „ќе употреби огнено оружје по предупредувањата“ за апсење на лицето за кое се грижат или несовесен возач.

Предлог-законот, ќе биде претставен пред Собранието во јануари 2017 година, по забрзана постапка, тој исто така, предвидува проширување на условите за идентификација само со серискиот број на полицијата во кривичната постапка.

Оваа е со цел да се зачува анонимноста на инспекторите, по барањата истакнати од полициските синдикати и демонстрантите.

Покрај тоа, законот ќе ги направи потешки казните за непочитување на полициските функционери и сите лица кои ја претставуваат власта од шест месеци до една година затвор и од 7.500 до 15.000 евра парична казна. Овие казни ќе бидат зголеми на две години и паричната казна од 30.000 евра за делата извршени во група. Тие ќе бидат усогласени и со оние направени во случај на непочитување на судот.