Француски авиони нападнаа два кампа на ИД во Сирија

Вкупно 12 авиони на француското Воено воздухопловство, од кои десет бомбардери, извршија жестоки воздушни напади врз два кампа за обука на џихадиситчката група Исламската држава (ИС) и врз објекти за кои се претпоставува дека се складишта за оружје во сирискиот град Рака и неговата околина, јави дописникот на МИА од Париз.
Како што соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, со седиште во Лондон, во реонот на Рака, кој ИД го прогласи за „главен град на Исламскито Калифат“, се слушнале повеќе од 30 експлозии.
- Не можеме да кажеме веднаш дали сите експлозии беа предизвикани од воздушните напади, ијзави претседателот на Центарот, Рами Абдулрахман.
Според него, ИД ги ограничила сите движења во градот, поради што е „тешко да се собират информации за потенцијалните жртви“.
Ново на Сител
-

Парламентарни избори во Ерменија
-

Николоски ќе изврши увид во реконструкцијата и надградбата на охридскиот аеродром
-

Топло време со температури до 34 степени, попладне можно краткотрајно невреме
-

Осум лица лишени од слобода поради дрога во Скопје, Тетово и Битола
-

43-годишник од с.Шишево пукал во соселанец и го ранил во пределот на главата
-

НАТО разгледува нова воено-финансиска помош за Украина од 70 милијарди евра
-

Мицкоски: Макрон и Мерц ни дадоа силен мотив да продолжиме со реформите и да испорачуваме врз основа на заслуги
-

Мицкоски: Градежништвото е еден од најголемите контрибутори во растот на БДП
