Француски истражувачи ќе тестираат никотинска лепенка кај пациенти со коронавирус

Истражувањата во Франција покажале дека никотинот може да заштити од коронавирус, а во тек се превентивни и терапевтски студии на пациентите кои ќе се спроведат во париската болница „Ла Питие-Салпетриере“.
Хипотезата за заштитниот ефект на никотинот е поддржана од нискиот процент на пушачи меѓу пациентите хоспитализирани за „Ковид-19“ ширум светот, а добила и потврда во новата француска студија на 350 пациенти на болничко лекување и уште 150 кои имаат поблаги симптоми.
„Само пет проценти од нив се пушачи, што е несразмерно помалку отколку во вкупното население“, рече Захир Амура, професор по интерна медицина кој ја спроведе студијата.
Веднаш штом се добие зелено светло од министерот за здравство Оливие Веран, никотински фластери ќе се применуваат во различни дози на три испитувања – како превентива за медицинските работници, како терапија за хоспитализирани пациенти да утврдат дали ги ублажуваат симптомите и за пациенти со тешка клиничка слика кои се на интензивна нега, рече професорот Амура.
Студијата, се разбира, не треба да ги поттикнува луѓето да пушат цигари, велат истражувачите. Никотинот е сè уште штетен за белите дробови, срцето и општата здравствена состојба.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Од историското наследство до денешните предизвици одбележан 23 Октомври
-

Доделена државната награда „23 Октомври“
-

Цените на енергенсите растат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања
-

Вакцинацијата со БСЖ за новороденчиња против туберкулоза ќе продолжи за 10-тина дена
-

До 2028 треба да се реконструира сала „Македонија“ во Прилеп, за Универзална сала ќе се прави елаборат за статиката
-

Од идеја до незавосност - Охрид го одбележува 23 Октомври
-

„Македонска ослободителна мисла 1893-1991“- непрекината 100 годишна идеја за создавање држава
